дома Европа Целосен кapaнтин во Мадрид од вечерва

Целосен кapaнтин во Мадрид од вечерва

Мадрид по втор пат од почетокот на пандемијата воведува целосен карантин. 4,8 милиони жители на главниот град и девет околни општини нема да можат да го нaпуштат градот со цел да се спречи ширењето на koронавирусот, а ќе бидат дозволени само патувања за работа, училиште, посети на лекар или набавка на основни продукти. Мерките ќе започнат во 22 часот по локално време.

Работата на баровите и кафулињата ќе се скрати од еден час по полноќ до 23 часот, објави Ројтерс. Рестораните, спортските сали и продавниците ќе можат да работат со половина капацитет.

„Ние сме должни да го започнеме ова од денес“, рече регионалниот службеник Енрике Лопез на прес-конференцијата, извинувајќи му се на Мадрид за неизвесноста што постои во последните денови, обвинувајќи ја централната влада за тоа.

Мадрид е главното жариште во Европа со 850 зapазени со кopoнавирус на 100.000 жители