дома Македонија ЦЕЛОСНО ЗАБEГAA: Општа цeнзуpa, мета на зakaни кон професори за објавување на...

ЦЕЛОСНО ЗАБEГAA: Општа цeнзуpa, мета на зakaни кон професори за објавување на лични статуси

Професорката на музичкиот факултет, Дарија Андовска пред две дена се нашла во непријатна ситуација кога на состотанок на катедрата, како што вели, се говорело за нејзините статуси и искажување на личното мислење на социјалните мрежи.

-Денес, на состанок на катедра, се зборуваше за моите фб статуси буквално половина час. Официјално, со декан и со продекан. Со неосновани напади и измишљотини, да знам дека не сум “симпатична”. Да нема недоразбирање, НЕ се зборуваше за мојата професионалност и работа, туку за мој личен став и мислење на мој приватен профил. На состанок на катедра. Толку околу нивото на професионалност, колегијалност и, на крајот, демократија и човечност. Ама фала за вниманието, пишува Андовска на Фејсбук.