дома КОВИД-19 (Коронавирус) Целосно зaтварање на Нов Зеланд поради еден случај на ковид-19

Целосно зaтварање на Нов Зеланд поради еден случај на ковид-19

Премиерката на Нов Зеланд, Џасинда Ардерн прогласи тридневно затворање на земјата откако беше регистиран еден локален случај на зараза со Ковид-19.

Таа посочи дека Нов Зеланд не смее да ризикува со делта сојот.

– Видовме што може да се случи ако ситуацијата не ја ставиме под контрола. Имаме само една шанса, истакна Ардерн во телевизиското обраќање до нацијата.

Во Окланд, каде е регистриран новиот случај, затворањето ќе трае една недела.

Двете мерки стапуваат во сила вечерва.

На Нов Зеланд шест месеци не беше регистриран ниту еден локален случај. Околу 20 проценти од населението на Нов Зеланд е вакцинирано против Ковид-19.