дома Балкан Целосно ykинато носењето на зaштитни маски на отворено во Црна Гора

Целосно ykинато носењето на зaштитни маски на отворено во Црна Гора

Здравствените власти во Црна Гора одлучија да ја укинат мерката за носење на маски на отворено, откако се подобри епидемиолошката состојба во земјата.

Мерката за укинување на одредбата за маски на отворено ќе важи од сабота до 28 мај.

Црна Гора претходно ги укина повеќето епидемиолошки мерки по подобрувањето на епидемиолошката состојба во април, а сега останува во сила обврската да се носи маска во затворено и забраната за собирање повеќе од 20 лица на истото место.

Условите за влез на странски државјани на територијата на Црна Гора не се променети.