дома Занимливости Цеца го запозна новото момче со своите деца

Цеца го запозна новото момче со своите деца

Откако заплови во емотивна врска со девет години помладиот Богдан Срејовиќ(38) од Белград, се чини дека Светлана Цеца Ражнатовиќ(47) е посреќна од било кога.

Имено таа не само што не се одвојува од партнерот, туку веќе и го запознала со своите деца, Вељко и Анастасија, а како што се дознава, сите заедно ја дочекале Новата година во домот на пејачката.

Цеца е заљубена до уши и не крие. Прв пат после толку години сака и сакана е, а љубовта и се случи ненадејно – раскажал за Ало извор близок на фолк дивата и додал дека Цеца веднаш знаела дека Богдан е оној правиот.

Разликата во годините не и преставува проблем, бидејќи Богдан е зрел маж, а физички се одличен пар, со оглед на тоа дека Цеца цел живот се негува, па изгледа многу помладо и нема ниту една брчка на лицето – рекол изворот.

Според него тоа што Богдан има ќерка од претходниот брак го прави поблизок со пејачката, бидејќи двајцата се родители, па знаат што е грижа за деца. Со оглед на тоа дека Богдан е татко, небитно му е дали ќе има уште деца или не, што Цеца ја релаксира и не и создава притисок.

Единствена работа од која се плашела Цеца е како ќе го прифатат нејзините деца, Анастасија и Вељко. Меѓутоа тие биле воодушевени од него, па сите заедно ја дочекале Новата година.