дома Балкан ЦЕЦА, ШЕШЕЉ И ДАРА БУБАМАРА ВО ИСТА КАФАНА: Забавата на „Ало.рс“ ги...

ЦЕЦА, ШЕШЕЉ И ДАРА БУБАМАРА ВО ИСТА КАФАНА: Забавата на „Ало.рс“ ги седна на иста маса политичарите и естрадните ѕвезди!

Политичари, новинари, актери, фолк ѕвезди беа дел од синоќешната забава на „Ало.рс“ во Белград каде што освен вообичаените естрадни ѕвезди, како гости се појавија и ред познати политичари и бизнисмени


Дел од забавата беше и лидерот на ДВЕРИ Бошко Обрадовиќ како и лидерот на Демократската партија Драган Шутановац. Судејќи по фотографиите двајцата политички ривали поголемиот дел од забавата го поминале во меѓусебно игнорирање.


Радикалите присутни во полн состав. Лидерот на СРС Војислав Шешељ на журката како придружба го донел целиот пратенички тим на партијата, а најблескава била пратеничката Верица Радета која српските медиуми ретко кога имаат шанса да ја видат надвор од вообичаените официјални настани.

Најголем спектакл секако приредија фолк ѕвездите Светлана Ражњатовиќ – Цеца и Дара Бубамара кои доцнеле на прославата. Двете повеќе од половина час разговарале на разни теми, а првата прилика ја искористија за селфи која веднаш беше споделена на социјалните мрежи.