дома Свет ЦИКЛOНOТ АМФАН ПУCTOШИ НИЗ ИНДИЈА И БАНГЛАДЕШ: Најмалку 22 лицa зaгинaa во...

ЦИКЛOНOТ АМФАН ПУCTOШИ НИЗ ИНДИЈА И БАНГЛАДЕШ: Најмалку 22 лицa зaгинaa во големото нeврeмe

Најмалку 22 лица загинаа во силниот циклон Амфан што го погоди брегот на Индија и Бангладеш.

– Целиот јужен дел од земјата е погоден. Во шок сме. Ќе ни требаат три до четири дена да ја процениме штетата, изјави Мамата Банерџи, гувернер на источната индиска држава Западен Бенгал.

Банерџи истакна дека државните власти евакуирале околу 500.000 луѓе во засолништа.
Во Бангладеш загинаа осум лица , додека во Западен Бенгал во Индија, животот го загубија 12 лица, а пријавени се и два смртни случаја во Бенегалскиот Залив.

Циклонот Амфан се проценува дека има јачина на ураган од трета категорија, чии налети на ветрот достигнале 190 километри на час, откако стигнале до двете држави.