дома Македонија ЦИПРАС МУ СЕ ЈАВИЛ НА ЗАЕВ: Разговорот траел цел час, од 14...

ЦИПРАС МУ СЕ ЈАВИЛ НА ЗАЕВ: Разговорот траел цел час, од 14 до 15 часот по македонско време

Зоран Заев денеска имал 60-минутен телефонски разговор со грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Разговорот се реализирал меѓу 14 и 15 часот по македонско време, потврдиле за МИА од Владата на РМ.

Заев и Ципрас разговарале за преостанатите прашања и разгледале неколку идеи за решенија. Договорено било во текот на утрешното претпладне да имаат уште еден разговор.