дома Македонија ЦИПРАС: Скопје во ЕУ и НАТО само со ново име

ЦИПРАС: Скопје во ЕУ и НАТО само со ново име

Соседната земја ќе влезе во НАТО и во ЕУ само ако го исполни договорот за името со Грција, порачаи грчкиот премиер Алексис Ципрас за време на состанокот на неговата партија СИРИЗА, пренесува „Катимерини“.

Доколку Скопје го отфрли договорот, мора да знае дека нема да има таква можност за пристапување во ЕУ, во меѓународните организации и во воените сојузи“, предупреди Ципрас.

– Не треба да го прифатиме пристапувањето на соседната држава со уставното име на Република Македонија, вели грчкиот премиер.