дома Балкан ЦИПРАС СО УШТЕ ЕДЕН ВРЕЛ ШAMAP ЗА ЗАЕВ: Во видео обраќање, Ципрас...

ЦИПРАС СО УШТЕ ЕДЕН ВРЕЛ ШAMAP ЗА ЗАЕВ: Во видео обраќање, Ципрас ги убедува Грците дека со договорот се „штител грчкиот карактер на Македонија“!

Грчкиот премиер, Алексис Ципрас, објави видеопорака до граѓаните во Грција, во која истакнува дека дошло време да се изнесат фактите за преспанскиот договор и да се дознае вистината.

Со преспанскиот договор ја штитиме нашата Македонија. Го надминуваме стравот и го отвораме патот кон мирот и економскиот раст“, вели Ципрас во видеообраќање со наслов „Вистината за преспанскиот договор“.
Овој договор, нагласува Ципрас, е камен-темелник за балканското регионално пријателство, соработка и братството на народите, пренесе грчката новинска агенција АНА.

Нашите соседи го разликуваат својот идентитет, признаваат дека нивниот јазик е словенски и дека нивната култура на ниту еден начин не е поврзана со древното грчко наследство. Преку преспанскиот договор го признаваме државјанството, а не етничката група. Нема да има иредентистички алузии во нивните учебници. Тие ги менуваат имињата на спомениците, инфстраструктурата и јавниот простор – рече Ципрас.

Видеопораката во траење од 107 минути вклучува и инсерти од потпишувањето на договорот помеѓу Грција и Македонија, како и делови од неодамнешниот говор на Ципрас за договорот, во атинската концертна сала. Договорот предвидува преименување на нашата земја во Република Северна Македонија.