дома Македонија Црвената вратоврска му донесе победа: Касами е новиот градоначалник на Тетово

Црвената вратоврска му донесе победа: Касами е новиот градоначалник на Тетово

Денеска е повод за празник. По 20 години кампања првпат доаѓам со вратоврска затоа што ценам дека денес ќе биде убав ден и сите граѓани да излезат да гласаат за нашата заедничка иднина и иднината на Тетово и Македонија, изјави Биљал Касами по гласањето денеска.

По првичните резултати се чини дека црвената вратоврска и му донесе црвена победа наместо зелена агенда на Тетово. Биљал Касами е новиот градоначалник на најзагадениот град под Шара.
Беса победува во Бродец, Порој, Лисец, Бозовцеи Џепчиште. Во Теарце ќе има втор круг, а води и во Слатино, Нераште и Непроштено.