ЦРВЕНКОВСКИ СЕ КРИЕ: Бранко Црвенковски не сака да коментира за тоа дали ги добивал „бом бите“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешниот претседател на СДСМ и на Македонија, Бранко Црвенковски не сака да го коментира сведочењето на Зоран Верушевски дека нелегално прибавените телефонски разговори во 2010 година прво биле носени во тогаш опозициската СДСМ, а екс разузнавачот ги анализирал како надлежен за безбедносна политика.

Алфа ТВ став побарала во кабинетот поранешниот претседател Бранко Црвенковски. Тие прашале како екс претседателот го коментира сведочењето на Верушевски, дали навистина како лидер на опозициската СДСМ ги примил т.н. бомби и колку материјали биле доставени во партијата? Од кабинетот кусо одговориле дека Црвенковски останува на својот став да не коментира актуелни теми, вклучително и оваа.

Се поставува прашањето зошто Црвенковски не се одважи да и објасни на јавноста што точно се случувало во партијата кога тој беше на чело на СДСМ, а во исто време како поранешен шеф на државата ги ужива сите бенефиции кои му ги нудат државата и граѓаните? Ова ги остава отворени сомнежите што знаел Црвенковски и зошто молчел?

Во последното сведочење за предметот на СЈО „Таргет- Тврдина“ екс разузнавачот Верушевски предизвика низа од реакции во јавноста откако во својство на сведок се огради од „бом бите“ и рече дека тие уште во 2010 година биле носени директно во седиштето на опозициската СДСМ. Тој со исказот фрли сенка врз разговорите тврдејќи дека тие после неговото апсење во јануари 2015 биле „страотно модифицирани“.

(Извор – ТВ Алфа)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This