ЦРНАТА РАКА ВРЗ МЕДИУМИТЕ: За да се спасат сопственици на медиуми се пријавуваат за заштитени сведоци во СЈО, добиваат пари, закани и уцени!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Македонија како никогаш до сега од осамостојувањето има едноумие во медиумскиот простор. Дел од медиумите се и онака поддржувачи на политиките на СДСМ, а друг дел се под притисок и уцена или на СЈО или на ОЈО, или на некој друг орган како МВР, Финасиската полиција и слично.


Во првата група влегуваат оние медиуми кои важат за подржувачи на СДСМ. Прва на овој список е „Телма“ која покрај спонзорството од сопстевникот на телевизијата „Макпетрол“, е и редовен и веројатно од сите телевизии најголем примач на грантови и друга помош од НВО и други меѓународни организации и владини институции. Главниот уредник на телевизијата Атанас Кировски, во минатото говореше дека ако СДСМ дојде на власт, а ВМРО-ДПМНЕ замине во опозиција, „Телма“ повторно ќе биде проопозициски медиум и жесток критичар на власта. Тоа не се случи, а „Телма“ и понатаму има уредувачка политика која видливо, според изборот на темите во вестите и емисиите, според уредничкиот став, и според на сите познатата политичка определеност на поголем дел од новинаритеи уредниците, е јасен подржувач на поликите на СДСМ.


Слично е со телевизијата „24 вести“, сопственост на Роберт Димитров сопственик на кабелската компанија „Телекабел“ од Штип, близок до Заев и неговата фамилија, и голем подржувч на СДСМ. Популарно наречениот Роби Телекабел, повремено настапува во телевизиски емисии на неговиот медиум во кој отворено говори против ВМРО-ДПМНЕ, налик на Велија Рамковски од деновите кога постоеш телевизијата А1. За разлика од уредникот на „Телма“, тој не ја крие нетрпеливоста кон ВМРО-ДПМНЕ и наклоноста кон СДСМ. Затоа пак, во „Телма“, уредниците кои водат политички емисии се јасно позиционирани во корист на СДСМ, иако се обидуваат тоа да го прават посуптилно, но кога тоа трае толку долго, веќе нема никој кому не му се јасни нивните позиции.


Телевизијата „Алсат“ веќе традиционално има уредувачка политика која го протежира СДСМ, барем што се однесува до македонските партии, а и изборот на уредници, водители како и нивниот избор на темите кои одлучуваат да ги обработуваат, дури и на оние кои се помалку навлезени во политиката им дава јасно дознание за полтичката определенсот на медиумот.

Во втората група се медиуми кои до моментот кога ВМРО-ДПМНЕ не успеа да формира влада, силно го подржуваа ВМРО-ДПМНЕ, но потоа едната нагло, другата поумерно ја сменија уредувачката политика и денес и инклинираат кон СДСМ.


Првата е „Канал 5“, каде дојде до нагла и многу силна промена во корист на СДСМ. Пред ова да се случи овој медиум беше „нападнат“ од контроли од разни инспекции, вклучително и СЈО. Сопственикот на медиумот Емил Стојменов, чиј татко, Борис Стојменов до пред неколку години беше пратеник на ВМРО-ДПМНЕ не се двоумеше и за 180 степени ја смени уредувачката политика, па така денес „Канал 5“ можеби е телевизија чија уредувачка политика најмногу го подржува СДСМ и политиките на владата, а истовремено стана и примател на грантови од НВО, државни институции и странски влади особено во инфомативниот дел, слично на „Телма“. Самиот Емил Стојменов можевме да го чуеме како дел од т.н. Бомби во време кога Зоран Заев, неговата телевизија, „Сител“ и „МТВ“ ги беше прогласил за најголеми непријатели на СДСМ. За Емил Стојменов низ градските кулоари се шпекулира дека во обид да избегне политички прогон се понудил да биде соработник на СЈО или заштитен сведок против некој од ВМРО-ДПМНЕ.


„Сител“ телевизија, поумерно од „Канал5“ но сепак сериозно ја придвижи својата информативна политика кон подршка на власта и СДСМ, иако таткото на сопственикот на телевизијата е во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ и има тројца пратеници. Познавачите говорат дека и оваа телевизија и фирмите кои ги поседува сопственикот на телевизијата се под силен удар, притисок и уцена на власта. Дополнително двајца уредници меѓу кои и главниот и одговорен уредник на оваа телевизија се опфатени со случаите на СЈО и се на суд, а исто така е и синот на пратеничката од социјалистичката партија во својство на преставник на „Силекс“, фирма во сопственост на сопственикот на „Сител“. Познавачите велат дека СЈО подигнала огромна документација од последните 10 години од оваа телевизизија со цел да го држи под страв сопственикот и сите одговорни лица. Иако подеднакво, а се чини и посилно притиснати, „Сител“ за разлика од „Канал 5“, иако сериозно ја смени уредувачката политика и видливо потклекна под притисокот на СДСМ, сепак барем за нијанса е поумерена во подршката на СДСМ споредено со „Канал 5“. Иако во помала мера, и иако доволно финансиски силна, и „Сител“ по промената на информативната редакција, стана примател на надворешна финасиска подршка но во помал обем споредено со „Телма“ и „Канал5“.


Од националните телевизии само „ТВ Алфа“ не подлегна на притисоците на власта, и задржа автономна уредувачка политика, исто како и „Телевизија Нова“, но тие перманентно се соочуваат со финасиски проблеми, што пак допринесува за нивен послаб рејтинг на гледаност и нивното учество во вкуната гледаност е мало.
Кај „Телевизија Нова“, јавноста беше сведок и сеуште е сведок на брутална хајка и политичко судски прогон на сопственикот на телевизијта Сеад Кочан, чија градежна фирма, органзиирано и систематски се уништува од страна на власта, со цел да се укине главниот извор на финасисрање на „Тв Нова“, и со тоа истата да згасне.
Во делот на порталите, агрегаторите, и електронските новинските агенции СДСМ е со уште поголема доминација одколку кај телевизиите, од ВМРО-ДПМНЕ. Освен 3 до 4 од оние кои се повеќе читани портали, речиси се останато, над 15 високо читани портали, и уште толку средно или пониско читани се на страна на СДСМ, во најголем дел финасирано од домашни компании блиски до власта и од странски извори.

Доминантно е и присуството на СДСМ на социјалните мрежи, со ангажирана огромна, платена со државни и партиски пари, машинерија на професионални пишувачи на ФБ, твитер и слично.

Ова се одразува на две нешта.

Прво, на рејтингот на партиите, кој и покрај огроманат медиумска доминација на СДСМ, заради нивните катастрофални политики сеуште е подеднаков со рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Се што доаѓа од ВМРО-ДПМНЕ се става во распоред на медиумот во помаргинален дел, со помал фокус и давање тежина, и со бегло, кратко и делимично пренесување на информацијата во вестите или на порталите. Ја запазуваат формалноста, во смисла да пренесат дел од активноста на ВМРО, но само формално, додека суштински ја загушуваат и маргинализираат.

При избор на гостите кога се канат од двете партии, најчесто, СДСМ одлучува кој неа ќе ја застапува, а кој ќе биде поканет од ВМРО најчесто одлучува уредникот на телевизијата, и многу често се гледа дека се внимава да се избере преставник на ВМРО за одредена тема кој не се очекува подобро да ја престави пртијата одколку преставнкот на СДСМ.

Второ, јасен одраз оваа медиумска доминација на СДСМ има врз обвинителствата и судството. Цела ергела новинари секојдневно се присутни во судниците и известуваат за секој детал од судењето кој е на штета на обвинетите од ВМРО-ДПМНЕ, и преку текстовите и прилозите вршат сериозен притисок на судиите. Систематски работат на формирање негативнен став на јавноста за обвинетите и позитивен за обвинителите. Во едни такви услови, за секој судија е многу тешко и дополнителен притисок при формирано јавно мислење за некој дека е виновен, да донесе ослободителна одлука доколку нема докази дека е виновен. Едноставно кажано, судиите, покрај под политичко партиски притиск се и под притисок на медиумите, и под притисок на јавноста чие мислење го креираат медиумите во една ваква недемократска атмосфера.

Од дневните весници постојат само два, и тоа едниот ,,ептен слободен,, и вториот ,,ептен независен,,. За двата се говори дека се подржани од извори од странски земји. Од неделните политички весници постои само еден, неделникот Фокус, силен подржувач и алатка на СДСМ.

16 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This