дома Балкан ЦРНА ГОРА ИСПАЌА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО АЛБАНИЈА

ЦРНА ГОРА ИСПАЌА ВОЈСКА НА ГРАНИЦАТА СО АЛБАНИЈА

Припадниците на Војската на Црна Гора од денеска ќе бидат ангажирани во контрола на граничната зона и државната граница со Албанија зона на граничниот премин Божај, според Министерството за одбрана на Црна Гора.

“Границата ќе ги контролира заеднички патроли на полицијата и на армијата на Црна Гора, пред се со цел спречување на илегалните преминувања на границата со Албанија, и други нелегални активности на граничните премини и во областа на границата”, се вели во соопштението.

Црногорската војска и полиција се ангажирани врз основа на Одлуката на Советот за одбрана и безбедност на земјата, пренесува РТЦГ