дома Балкан ЦРНА ГОРА СЕУШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО: Сенатот на САД...

ЦРНА ГОРА СЕУШТЕ НЕ МОЖЕ ДА ВЛЕЗЕ ВО НАТО: Сенатот на САД по четврти пат не го изгласува Протоколот за пристап на Црна Гора во НАТО!

Иако провладините медиуми во Црна Гора најавуваа дека гласањето на Американскиот сенат за пристапување на Црна Гора во НАТО пактот е „готова работа“ – тоа сепак не се случи, пренесуваат медиумите во регионот

Сенатот на САД повторно не гласаше за протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТ. Ова е четврт пат гласањето да се одложува, а со цел да се ратификува, истиот треба да биде изгласан од две третини од 100 сенатори.

Сенатот е продолжи со рутинските разгледувања на протоколот, но не е познато кога ќе одлучува по истиот. Очигледно е дека во Сенатот не постои согласност во кој фомат ќе се одлучува за Протоколот за пристапување на Црна Гора во НАТО.