Црна Гора: Соборен рекордот во натпреварот во лежење

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во Црна Гора во тек е традиционалниот натпревар во лежење, соборен е претходниот рекорд и во игра се уште тројца натпреварувачи.

Радоје Благојевиќ, организатор на натпреварот изјави:

– Полека влеговме во деведесет и третиот час од натпреварот, а рекордот поставен пред две години од 52 часа одамна е соборен.

На десеттото јубилејно издание кое почна пред пет дена се пријавија десетина луѓе, но сега останаа тројцата најупорни, истрајни да издржат во најдолго лежење.

Благојевиќ вели дека оваа година има мали промени во правилата за натпреварување. Дозволено е по 8 часа да можат да одат до тоалет, па можеби и затоа беше лесно да се собори рекордот од 52 часа, бидејќи тогаш натпреварувачите не можеа да одат во тоалет.

Сега, натпреварувачите велат дека не е лесно ни да се лежи. Открија и како се забавуваат додека лежат:

– Читаме нешто на телефонот, разговараме со гостите, велат натпреварувачите, пренесе Радиотелевизија Црна Гора.

Победникот ќе добие награда од 300 евра.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This