Црна Гора ја разгледува можноста да постави ограда долж границата со Албанија со цел да ја запре илегалната миграција, изјави Војислав Драговиќ, началник на службата за обезбедување на црногорската државна граница.
Илјадници мигранти од Африка и Блискиот Исток во текот на годината се обидуваат да стигнат до Средна Европа, користејќи ја новата балканска рута, која минува низ Грција, Албанија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, до членката на ЕУ – Хрватска.
– Во случај на поголем миграциски бран, може да направиме ограда од бодликава жица на границата со Албанија, рече Драговиќ.
Тој додаде дека албанските власти постојано одбиваа да ги примат мигрантите вратени од Црна Гора и покрај постојниот билатерален договор за реадмисија.