дома Балкан ЦРНОГОРСКИТЕ БАНКИ ПРЕД ФИНАНСИСКИ КОЛАПС: Граѓаните останаа без своите заштеди!

ЦРНОГОРСКИТЕ БАНКИ ПРЕД ФИНАНСИСКИ КОЛАПС: Граѓаните останаа без своите заштеди!

Аферата „Атлас“ го растресе црногорскиот банкарски систем,  како што потврдуваат и многубројните економски аналитичари кои на граѓаните кои имаат поголеми заштеди им советуваат да не чуваат повеќе од 50 000 евра во една банка.

Откако ИМБ банката на бизнисменот Душко Кнежевиќ банкротираше, 165 нејзини депоненти, од кои 114 физички и 51 правно лице кои на своите сметки имале повеќе од 50 000 евра, ќе изгубат вкупно 15 милиони евра. Тие ќе добијат само по 50 000 евра, а остатокот најверојатно нема да си го повратат.

Така е поради горната граница на гаранција на депозит од Фондот за заштита на депозити во Црна Гора, која изнесува 50 000 евра. Остатокот од сумата оштетените имаат право да го бараат во стечајната постапка, но шасите дека ќе бидат исплатени се мали.

Централната Банка на Грна Гора која го контролира банкарскиот сектор, во контекст на овие случувања, изјави дека и други банки се соочуваат со криза, но законот не им дозволува јавно да ги објават.

Европскиот аналитичар и бивши директор на „Некст Монтенегро берза“, Младен Бојанниќ, се прашува на кого граѓаните, а посебно оние кои не се разбираат во финансии, треба да се потпрат ако не на Централната Банка, која треба ба им помогне и да ги насочи да изберат подобра и посигурна банка.

Тој во разговор за Спутник, забележа дека Централната Банка излегува со информации откако граѓаните ќе претрпат штета, што всушност е показател за неефикасната и недоволна супервизија на Централната Банка.

„Да ве потсетам дека Централната Банка на ЦГ молчеше и кога се одобруваа високоризични кредити во швајцарските банки и откако илјадници граѓани се соочија со проблеми. Потоа излегоа со соопштение само за да се ослободат од одговорност и да ја префрлат вината на клиентите и нивните лоши одлуки. Наместо да ги предупредат клиентите тие стоеја на страна. Така и сега, дури откако ескалираа проблемите со ИМБ и Атлас банка, ЦБЦГ се сети да ги предупреди граѓаните да не чуваат депозити од над 50 000 евра во една банка“, категорично изјави Бојаниќ.

„Централната банка треба да води сметка за сите клиенти, а посебно за малите и средни претпријатија, кои немаат стручни правни и економски знаења и им треба помош при избор на сигурна банка“, кажа Бојаниќ.

После овие пропусти на ЦБЦГ довербата на граѓаните во банкарскиот сектор е драстично намалена, особено по излегувањето во јавност на снимка на која вицегувернерот на ЦБЦГ Велибор Кнежевиќ му се обраќа со „шефе“ на сопственикот на банката што треба да ја контролира.

„Доказ за нарушените односи внатре во ЦБЦГ е и разрешувањето на вториот вицегувернер Ирена Радовиќ. Довербата на граѓаните никогаш не била помала. Клиентите на финансискиот пазар треба да бидат сигурни дека нивните депозити и трансакции се безбедни за да би учествивале ба тој пазар. За жал кај нас тоа не е случај“, заклучи Бојаниќ.