дома Социјални Мрежи „ЦРНО ВИ СЕ ПИШУВА“: Александар Пандов до вработените и обвинителите во СЈО

„ЦРНО ВИ СЕ ПИШУВА“: Александар Пандов до вработените и обвинителите во СЈО

Вработените во администрацијата на СЈО но и обвинителите денес испратија писмо до странските претставништва во земјава, но и до премиерот Заев во кое се пожалиле дека наведените недоволно им обрнале внимание во изминатиот период

На ова коментираше политичкиот аналитичар Александар Пандов, кој им порача дека внимание ќе добијат од народот во оној момент кога ќе се промени власта во земјата, односно ќе се ослободи судството од стегите на актуелната власт.

Можеби на Заев и амбасадорите не им чуе за вас, ама бидете убедени јас и народот ве мислиме, како после промена на власта сите по список од тоа рекетарско и северџанско дувло ви ја направиме што поцрна иднината. Бидете уверени дека тогаш ќе ви биде посветено доволно внимание – порача Александар Пандов на својот ФБ профил.