дома Социјални Мрежи ЦРНО МУ СЕ ПИШУВА НА „МЗТ“: Управата на клубот ги трошела парите...

ЦРНО МУ СЕ ПИШУВА НА „МЗТ“: Управата на клубот ги трошела парите на клубот за да лумпуваат по дискотеки во Загреб?

Црна изгледа иднината на МЗТ Аеродром со новото раководство на клубот, поставено по партиски клуч

По низата на катастрофални порази, аеродромци се жалат на неодговорното и расипничко работење на управата на скопскиот кошаркарски бренд. Како што пишува ФБ страницата „Аердром во моето срце“, новиот директор на МЗТ Скопје кој заедно со тимот претстојува во Загреб во пресрет на натпреварот со Цибона, на сметка на клубот заедно со неговите соработници лумпувале по локалните дискотеки.

„Драги наши аеродромци,
Новиот директор на #МЗТ Скопје, пулен на Златко Марин, Тони Грнчаров алијас Грне, заедно со неколку партиски другарчиња од #СДС на сметка на клубот лумпуваат по дискотеките во #Загреб каде што утре нашиот #МЗТ игра против #Цибона.
#ДојдеЖивот и за неизживеаните!
Нека ни е на здравје аеродромци!“ – стои во текстот објавен на ФБ страницата „Аеродром во моето срце!“