ЦУК: Hoв пoжap вo мecнocтa Вeтepcкo, гeнepaлнo cocтojбaтa cмиpeнa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за управување со кризи (ЦУК) известува дека има дојава за пожар во месноста Ветерско, меѓу скопско и велешко. Кон пожарот се упатени територијални противпожарни единици, информира Илија Бојаровски од ЦУК.

Но, генерално, во државата речиси и да нема активни пожари. Скопските и гостиварските пожарникари ноќеска имале само по една интервенција, а во Берово е изгаснат пожарот во месноста на планината Готен, информира Бојаровски од ЦУК.

– До утрово имаме буквално стивнување на ситуацијата, но, секако, во државата има пожари. Главниот штаб на ЦУК е во постојано во заседавање и ја следи состојбата. Во Скопско, РЦУК известува дека двете жаришта кај селото Раовиќ и Буковиќ, на 150 километри од патот за Јасен, над селото Горна Матка, во 18:40 вчера бил изгаснат пожарот од страна на вработените во ЈП Јасен, соопшти Бојаровски, кој потенцира дека поради специфичноста на теренот не се исклучува можноста од појавување на стари жаришта во зависност од правецот на ветрот.

Од Регионалниот центар за управување со кризи, РЦУК, Тетово, известуваат дека од територијалната противпожарна единица Гостивар ноќеска од 01:30 до 03:40 часот со едно противпожарно возило и тројца пожарникари интервенирале на запалена сува трева на поголема површина во општина Врапчиште.- Во гаснењето на пожарот учествувало и дел од месното население, информира Бојаровски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This