дома Македонија ЦУЦУЛОВСКИ: Во МАНУ кротко чекаат да бидат преименувани, оти така одлучиле властите

ЦУЦУЛОВСКИ: Во МАНУ кротко чекаат да бидат преименувани, оти така одлучиле властите

Универзитетскиот професор Љубомир Цуцуловски на својот Фејсбук профил објави статус во врска со преименувањето на МАНУ.

-КРОТКИ СУШТЕСТВА. Во МАНУ кротко чекаат да бидат преименувани, оти така одлучиле властите. Во нормална држава едно школо да сакаш да преименуваш учителите и учениците ќе се побунат, родителскиот совет ќе заседава, невладините организации ќе вреват. Но, што да се прави кога во МАНУ живеат такви кротки потстанари?, прашува Цуцуловски преку својот статус на Фејсбук.