дома Македонија Цapовckа направи хаос, секој ден нови одлуки: Оценувањето на учениците ќе биде...

Цapовckа направи хаос, секој ден нови одлуки: Оценувањето на учениците ќе биде со физичко приcуство

Училиштата ќе добијат посебни упатства за оценување на учениците кои наставата ќе ја следат on-line, односно преку интернет, најави на денешната прес конференција министерката за образование и наука, Мила Царовска.

Како што кажа таа, иако наставата ќе се одвива преку интернет, оценувањето на учениците ќе биде со нивно физичко присуство во училиштата.

„Се подготвува посебно упатство за оценување. Што ни е исклучително важно затоа што on-line наставата треба да го даде максимумот што може со on-line настава. Но, минатата година оценувањето не беше уредено. Сега велиме – оценувањето ќе треба да се спроведува со физичко присуство и тоа ќе треба да се организира во групи, секако, ако епидемиолошките услови во општината го дозволуваат тоа“, рече Царовска.