Цapoвcка им ce зaблaгoдapи на нacтaвницитe зa пocветeнocта и трудот во услови на пандемија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерката за образование и наука Мила Царовска им го честита  Светскиот ден на учителот – 5 Октомври на просветните работници искажувајќи им благодарност за посветеноста и трудот вложен во тешките услови за настава во изминатата една и пол година.

– Денес, кога го одбележуваме Светскиот ден на наставниците, искажувам неизмерна благодарност до сите просветни работници за посветеноста и несебичниот труд којшто го вложија во исклучително тешки учебни години во услови на пандемија и ни овозможија да имаме континуитет во образовниот процес.

Храбро одговоривте и на позитивните промени што ги воведуваме за поквалитетно и современо образование, притоа брзо прилагодувајќи се на новите наставни програми и дигиталните учебници. Одиме напред кон новите предизвици со кои сите заеднички ќе направиме образовен систем кој ќе ни биде национална гордост, напиша Царовска на својот фејсбук-профил.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This