дома Македонија Цapoвcka: Иcти луѓе шиpaт лaги од 5Г вpaпчиња до ykинување на истopија

Цapoвcka: Иcти луѓе шиpaт лaги од 5Г вpaпчиња до ykинување на истopија

Министерката за образование и наука Мила Царовска, откако демантираше дека сеопфатното сексуално образование ќе се изучува од второ одделение, како и тоа дека нема да се прикажуваат илустрации од лица кои се во истополови врски, во текот на денешната посета во Штип, повторно ги повика граѓаните да не подлегнуваат на ваквите лажни вести.

– Многу интересно е што дебатите ги водат луѓе кои постојано шират лажни вести, токму затоа ги поттикнувам граѓаните да ги следат официјалните канали на Министерството и Владата за да донесуваат одлуки – изјави Царовска.

Министерката потсети на лажните вести кои се ширеле во минатото, потенцирајќи дека тоа се истите организации кои и сега ја шират оваа лажна вест.

– Истите кажуваа дека во источните делови од земјава ќе се доселат 120.000 мигранти, па потоа имаше и нешто со 5Г врапчиња, па следната лажна вест беше укинување на македонски, па укинување на предметот историја. Истите тие луѓе повторно зборуваат сега за сексуално образование од второ одделение користејќи слики од сосема други држави кои се во регионот и кои пред многу години направиле такво воведување, но кои не се од нашата држава. Поради тоа, бидејќи видовме дека некои граѓани подлегнаа на овие лажни вести објавивме демант дека тоа не е вистина и дека тие слики не се од нашите учебници – нагласи Царовска.