дома Актуелно Цeла бугapска делегациja во изолациja откако се сpeтнаа со Османи и Димитров...

Цeла бугapска делегациja во изолациja откако се сpeтнаа со Османи и Димитров во Бepлин

Брзиот тест за ковид-19 на заменикот на бугарската министерка за надворешни работи е позитивен, а резултатот од нејзиниот ПЦР-тест се очекува до крајот на работниот ден.

Бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи Екатерина Захариева од денеска е во изолација, откако брзиот тест на нејзиниот заменик Петар Дојков дал позитивен резултат, во рамки на рутинското тестирање за ковид-19 во бугарското МНР. Сега се чекаат резултати од неговиот ПЦР-тест.

До крајот на работниот ден, како што јавуваат медиумите во Софија, се очекуваат резултатите и од ПЦР – тестот на Захариева, откако брзиот тест што го направила е со негативен резултат. Од нејзиниот кабинет изјавиле дека таа нема симптоми и се чувствува добро, така што ќе продолжи да ги извршува обврските.

Бугарските медиуми јавуваат дека Захариева и Дојков завчера беа во Берлин, на средба со македонските министри Никола Димитров и Бујар Османи.

Сите членови на бугарската делегација во Берлин се ставени во изолација.

Од бугарското МНР посочиле дека, пред заминувањето за Берлин, биле тестирани сите членови на делегацијата, како и членовите на екипажот на специјалниот лет. И сите биле негативни на ковид-19.