дома Актуелно Цpвeниoт тeлeфoн вo Teлма пpeгpea, забpaнeто гocтувањето на Мицкocки кај Оливepa Tpajковска

Цpвeниoт тeлeфoн вo Teлма пpeгpea, забpaнeто гocтувањето на Мицкocки кај Оливepa Tpajковска

Откако Владата на Зоран Заев одлучи да му исплати на Андреа Јосифовски 34 милиони евра за Гама со тоа обезбедувајќи си сигурен влез во телевизија Телма од вечерва таа телевизија веќе станува и бастион на пропагандата и цензурата.

Гостувањето кое што за утревечер беше договорено на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во емисијата на Оливера Трајковска информираше самиот Мицкоски, а како што дознава Инфомакс емисијата била забранета директно од мнозинскиот акционер во АД Макпетрол воедно и сопственик на телевизија Телма, Андреа Јосифовски.
Цензура како во најлошите времиња на комунистичките режими.

-Утре требаше да гостувам на националната телевизија Телма. Бев известен дека уредништвото на телевизијата не е среќно да се чуе гласот на најголемата политичка партија. Гостувањето откажано.

Причините може да се претпостават. Ова е само приказ за еден брутален недемократски атак кој има функција да го прикрие стравот на Заев и власта и да ја замолкне опозицијата.

Три години измислуваат, констриураат, напаѓаат и лажат, а сега и ме цензурираат. Но тоа нема да ме спречи да продолжам да ја говорам вистината, да ги поддржувам новинарите кои ја сакаат вистината и да бидам на страна на народот.

Некој сака земја во која нема опозиција. Но нема да престане да има луѓе кои мислат со своја глава. Најголем доказ дека власта е изгубена, ранлива и дезориентирана.

Жалам, но не повеќе, пишува Христијан Мицкоски.