April 20, 2024, 12:22 am

Цpн дeн вo Турција: Регистpиpaн нajголeм бpoј нa пoчинaти лицa oд Koвид-19 од почетокот на пaндeмијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рекорден број жртви од корона вирусот – 290, се регистрирани во Турција во последните 24 часа, изјави турскиот министер за здравство Фахретин Коџа. Ова е највисоката стапка на смртност од почетокот на пандемијата.

Вкупно 23.496 нови случаи на инфекција беа идентификувани на 1 септември во 302.869 тестови, рече министерот. Излечени се 15.164 пациенти.

Коџа на Твитер рече дека ако ситуацијата остане непроменета, ќе има уште 4.000 жртви и уште 335.000 заразени во следните две недели.

„Многу луѓе го одложуваат вакцинирањето, а други се вакцинираат само со една доза, и од овие причини сите сме принудени да платиме толку висока цена“, рече министерот за здравство.

Затоа од средината на септември ќе бидат воведени нови ограничувања во земјата, објави Си-Ен-Ен-Турк.

Затоа, од средината на септември, ќе се воведат нови ограничувања во земјата, објави Си-Ен-Ен-Турк.

Планирано е невакцинираните лица да имаат одделни области на затворени места, како што се ресторани, кафулиња, библиотеки, како и во разни владини агенции.

Предвидено е само вакцинираните лица или со негативен ПЦР тест да им биде дозволено да влезат во трговските центри.

Опцијата исто така се дискутира со цел да се даде дополнителен импулс за вакцинацијае веќе да нема задолжителните бесплатни тестови за ПЦР, туку тие да се плаќаат.

Речиси 95 милиони дози вакцини против Ковид-19 се веќе доставени во земјата. Во изминатите 24 часа беа администрирани 706.330 дози.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This