дома Балкан Цpн peкopд и вo Грција: 35 лицa пoчинaa кaкo пocлeдицa oд Koвид-19

Цpн peкopд и вo Грција: 35 лицa пoчинaa кaкo пocлeдицa oд Koвид-19

Националната организација за јавно здравје на Грција соопшти 1.914 нови случаи и 35 починати, што претставува нов негативен рекорд на регистрирани смрти случаи од Ковид-19 на дневно ниво, јави дописничката на МИА од Атина.

Драстично зголемен е и бројот на пациенти приклучени на апарати, 228 лица, односно 21 повеќе од вчера.

По пет дена, бројката на новозаразени е под 2.000 лица, а повторно, речиси половина од новите случаи се во Солун (483) и областа Атика (396 случаи).

Од почетокот на епидемијата, во Грција се регистрирани 56.698 случаи, а починаа вкупно 784 лица.