дома Политика ЧЕСТИТАШЕ И АХМЕТИ: Славењето и одбележувањето на раѓањето на надежта и на...

ЧЕСТИТАШЕ И АХМЕТИ: Славењето и одбележувањето на раѓањето на надежта и на вербата треба да не поттикне на уште поголема посветеност кон реализација на таа надеж

Лидерот на ДУИ Али Ахмети упати честитка со која на сите православни верници им го честита Божиќ.

– Ми претставува особено задоволство, во мое име но и во име на сите нас при Демократската Унија за Интеграција, да ви го честитам големиот празник Божиќ со најискрени желби за спокој, мир, здравје и благосостојба во вашите домови и за вашите најмили.
Славењето и одбележувањето на раѓањето на надежта и на вербата треба да не поттикне на уште поголема посветеност кон реализација на таа надеж за подобар, посигурен, побезбеден и поперспективен живот за сите нас, заедно, напиша Ахмети.

Тој во честитката додаде дека ги посакува сите благодети и е уверен дека заедништвото го градиме преку истите стремежи за подобар живот, за соживот, за општество без предрасуди, напредок, мир и интеграција.

– Празниците како Божиќ не потсетуваат да подзастанеме и да размислиме дали сме на правиот пат, а денес јас сум уверен дека сме во правец на нашата заедничка подобра иднина, напиша лидерот на ДУИ.