дома Политика Честитка од Мицкоски до г.г. Стефан по повод празникот Велики поклади –...

Честитка од Мицкоски до г.г. Стефан по повод празникот Велики поклади – Прочка

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски по повод денешниот празник Прочка испрати честитка до Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.

-Ова е денот кога секој од нас ја чувствува милоста Божја, кога бараме да ни се простат гревовите и им простуваме на сите оние кои што ни грешат. Покајанието и простувањето се патот кон спасението, но и духовното обединување на овој народ кој со векови ја негува оваа традиција. Токму признавањето на своите слабости и барањето прочка за нив човека го прават посилен за да се спротивстави на сите предизвици и премрежија. Нека спокојот и мирот владеат во секој наш дом, а трпението и богоугодните мисли ни дадат божја мудрост како да ги пребродиме мрачните времиња кои му се закануваат на секој од нас и на нашата Татковина Македонија. Да си подадеме рака, брат на брат, сосед, пријател и ближен и да се сплотиме да си ги простиме грешките и од нив да изнесеме поука зошто само така ќе покажеме дека светоста на љубовта кон својата Татковина Македонија секогаш може да го победи мракот, се вели во честитката на Мицкоски.