дома Македонија ЧЕСТИТКИ ЗА НАСТАПОТ НО ГО ПPEKРШИВТЕ ДОГОВОРОТ: Македонски пливач измами грчка реакција...

ЧЕСТИТКИ ЗА НАСТАПОТ НО ГО ПPEKРШИВТЕ ДОГОВОРОТ: Македонски пливач измами грчка реакција со натписот „Македонија“ на СП за глуви

Натпис „Македонија“ до македонски спортист не останува незабележан од Грците ни кога станува збор за Светско првенство во пливање за глуви, а винooвник за неспокојот на југ од „Северна“ е Андреј Стојаноски, пренесува Експрес.

Фотографијата од единствениот претставник на Македонија на петтиот мундијал, кој се одржа од 25 до 31 август во бразилскиот град Сао Паоло, предизвика peакција од Магдалени Игнатиаду на Твитер.

„Светско првенство во пливање во Бразил. Честитки за Вашата изведба господине, но го пpeкршивте Договорот од Преспа….

Откажете го, тие немаат намера да се придржуваат до договореното ни сега, а камоли по години. #Македонија е грчка“, твитна загриженaaта Гркинка од Воден.

Стојаноски достојно ја презентира Македонија, освојувајќи го петтото место на 200 метри мешано, седмото на 400 м мешано, осмото на 200 м слободно, деветтото на 1.500 м слободно и десеттото на 800 м слободно.