дома Македонија ЧЕСТИТКИ ТРАЈАНЕ, ДЕНЕС ГО НАДМИНА И ЗАЕВ: На терен ги лaжeш земјоделците...

ЧЕСТИТКИ ТРАЈАНЕ, ДЕНЕС ГО НАДМИНА И ЗАЕВ: На терен ги лaжeш земјоделците дека владата дава 20.000 евра грантови на младите земјоделци

Честитки Трајане! Денес и официјално го надмина Зоран Заев! Не џабе рекле крушата под круша паѓа! На терен ги лажеш земјоделците дека владата дава 20.000 евра грантови на младите земјоделци, а на влада со Заев имате предвидено само 160.000 евра за поддршка и потикнување на земјоделско производство. Или во превод, во 2020 година грант од 20.000 евра ќе може да добијат само 8 земјоделци.

Вака ли ќе го јакнете земјоделството!? Додека вие јадете бадеми и фстаци, за земјоделецот нема ни за леб!

Срамота!

Се фалите со некаква програма во земјоделието, а всушност немате ниту еден проект. Само промашувања и лаги. Земјоделецот три години пати.

Земјоделците не треба да се грижат. Маките наскоро ќе бидат минато. Со доаѓање на ВМРО-ДПМНЕ на власт инвестициите во земјоделството ќе се зголемат. По 12 април, повеќе за сите!