дома Социјални Мрежи ЧЕСТИТО ЏАМИЈА, ЛИСИЧАНИ: Златко Марин ќе гради џамија во селото Лисиче

ЧЕСТИТО ЏАМИЈА, ЛИСИЧАНИ: Златко Марин ќе гради џамија во селото Лисиче

Кристијан Јандриоски на својот Фејсбук иронично им ја честиташе на лисичани изградбата на верски објект, џамија во Село Лисиче. Граѓаните пак иронично коментираат дека ова е единствениот проект на градоначалникот Златко Марин. Жителите на општината се гневни поради фактот што муслиманското население во општината е помало од 1 процент и велат дека нема никаква потреба за изградба на џамија.

Други пак велат дека станува збор за ,,освојување на нови територија’’ и понатамошна исламизација и албанизација на Македонија, дел од подмолниот план за евентуална поделба и федерализација на Македонија, а новата граница од ден во ден се поместува се подлабоко во етнички чистите македонски населби.

Да потсетиме дека и покрај големиот број на проекти претходниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски ги загуби локалните избори од Златко Марин кој само пред неколку месеци ја запре изградбата на Руската црква во општина Аеродром.