дома Локално Четврти ден беcне пожapoт кај село Белица, Бродско

Четврти ден беcне пожapoт кај село Белица, Бродско

Пожарот кој пред четири дена избувна во атарот на село Белица Бродско, се уште е активен. Гори поголема површина борова шума во повисокиот дел од планината и токму затоа е тешко да се дејствува од земја.
Во изминатите три дена врз огнената стихија се делуваше и од воздух со хеликоптер од Дирекцијата за заштита и спасување на Македонија. Во трите дена хеликоптерот имаше интервенции по седум наврати, за да го намали интензитетот на неговото ширење.
-Пожарот кај село Белица што во средата избувна во повисоките делови од планината, се уште е активен. Во трите претходни дена на огнената стихија се делуваше од воздух со хеликоптер на ДЗС, а работници на Шумското стопанство и пожарникари беа крај самиот оган и со прирачен алат спречуваа негово натамошно ширење, вели Пецо Стојкоски секретар на Општина Македонски Брод.
Тој напомна дека вчерашните врнежи од дожд го заобиколиле големиот пожар и според прогнозите за денеска, се очекува и во овој дел од земјава да има поинтензивни врнежи од дожд и конечно да се изгасне пожарот.
-Најефикасно решение за да се изгасне големиот шумски пожар кај село Белица е да се остварат прогнозите на метеоролозите кои за денеска попладне најавуваат врнежи од дожд и на овој регион од Порече.Крај огнот се уште се присутни работници од шумското стопанство и пожарникари кои го надгледуваат огнот и со прирачни средства спречуваат негово натамошно ширење, додава Стојкоски.