дома Хроника ЧЕТИРИГОДИШНОТО ДЕТЕ Е НА КАРИЛ: Телефонски кабел го спаси животот на 4-годишното...

ЧЕТИРИГОДИШНОТО ДЕТЕ Е НА КАРИЛ: Телефонски кабел го спаси животот на 4-годишното дете во Аеродром

Телефонски кабел му го спаси животот на 4 годишно дете кое паднало од седми спрат на зграда во скопски Ародром.

Станува збор за дете кое паднало од прозорецот откако било оставено само бидејќи мајка му отишла во банка да плати сметки, пренесува 24 Вести.

Според очевидци, падот на детето го ублажил телефонски кабел и гранки од дрво на кои се заплеткал.По падот детето ја изгубило свеста, но потоа ги отворило очите и почнало да плаче довикувајќи ја мајка му.

Во моментов е на Карил во животно загрозувачка состојба. Има повреди на градниот кош и карлицата.