дома Хроника Четири лица нaпaднaти и иckaсани од kучиња ckитници во Скопје

Четири лица нaпaднaти и иckaсани од kучиња ckитници во Скопје

Четири лице во текот на вчерашниот ден биле нападнати и искасани во Скопје. Според информациите од дневниот билтен на МВР нападите се случиле во општините Аеродром, Гази Баба и Карпош

На 05.05.2021 во 15.45 часот во Полициската станица Аеродром, В.З.(64) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ” бил каснат од куче скитник.
На 05.05.2021 во 20.40 часот во Полициската станица Карпош, К.А.(41) од Скопје пријавила дека на ул.„Пролетерска” била касната од куче скитник.
На 05.05.2021 во 22.30 час лицето Полициската станица Гази Баба, Д.Б.(30) од Скопје пријавил дека во с.Булачани неговиот син бил каснат од куче скитник.
На 05.05.2021 во 11.30 часот во Полициската станица Аеродром, К.Ш.(37) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански” бил каснат од куче скитник.