Четири лица пoврeдени во тeшка сooбрaќајка на патoт Струга-Охрид

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Четири лица се повредени, од кои една жена потешко, во сообраќајна несреќа која се случила вчера во 17,20 часот на регионалниот пат Струга – Охрид.

Во несреќата учествувале патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Е.М. од Струга и патничко возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 49-годишната Д.П. од Скопје.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила Д.П., а со телесни повреди се здобиле 16-годишна сопатничка во возилото „фиат“, возачот Е.М. и сопатникот во неговото возило А.Б. на 18 години од селото Поум, констатирани во Медицински центар Струга, информира МВР.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This