дома Социјални Мрежи ЧИЛИМАНОВ: Макрон вика дека нема проширување на ЕУ кон муслимански земји

ЧИЛИМАНОВ: Макрон вика дека нема проширување на ЕУ кон муслимански земји

Епа супер. Макрон вика дека нема проширување на ЕУ кон муслимански земји (Босна е дувло на џихадисти како што објасни), а за Македонија можел да даде датум за преговори, ама му било страв дека Албанците ќе изреагираат агресивно ако ја одвои Македонија од Албанија, па затоа ние ќе треба да си останеме во балканското муслиманско гето. Или Мини Шенген. Или „Норвешка на Балканите“. Уште работат на тоа како да не викаат, гледаат да најдат што е можно поубаво име за да ја прикријат реалноста на планот.

Од нашата страна, барем од десно, ние од секогаш си знаевме дека ЕУ не не сака, знаевме зошто не не сака (дека не е до името Македонија) и си работевме на создавање на наша, суверена држава, со која најдобро можеме да се справиме со дадените услови. Левото урбано граџанство реши дека мораме да растуриме се што е изградено, бидејќи НАТО ќе не брани, а ЕУ ќе не храни. И сеа?