дома Занимливости ЧИСТО ДА ВНИМАВАТЕ: Нарачала на Амазон чергиче, добила…

ЧИСТО ДА ВНИМАВАТЕ: Нарачала на Амазон чергиче, добила…

Одиш на Амазон, налетуваш на фотографија од чергиче за пред врата. Ти се допаѓа и нарачуваш. Што добиваш? Фотографија од чергиче за пред врата! Нели е генијално?

Жената го видела на Амазон, 14 долари плус шипинг, добри оценки (4,5 ѕвездички), добри коментари од задоволни купувачи. Одбрала да купи преку посредник за да добие подобра цена, па не едно, туку нарачала две чергичиња за нозе.
Го добила ова. Две фотографии од чергиче залепени на некаква пена. Ни боцки ни ткаенина ни бутур. Фотографии. Чергиче во 2Д.

Се пожалила на продавачот а од таму добила одговор дека недоразбирањето е поради резолуцијата на екранот (цареви!). Ѝ понудиле делумно рефундирање.
Не била задоволна, го пуштила случајот на мрежи каде што добил огромна видливост (аферата е крстена „Matgate“) а ги контактирала и директно Амазон.

Случаот е со хепиенд, Амазон се извиниле и ѝ ги вратиле сите пари.

Чисто за да внимавате.