March 28, 2024, 10:42 am

Чисто како солза – непобитни дokaзи на одбраната: Колапc на cлучајот „Плацеви на Водно“, сите финансиски трансакции се легaлни – Боки 13 само што ја закова последната шајка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Повеќе од 5 часа траеше денешното маратонско рочиште за случајот „Плацеви на Водно“.

Обвинителството на чело со обвинителката Лиле Стефанова попладнево заврши со сослушување на сведоци кои треба да го поткрепат нејзиното штуро обвинение за Никола Груевски, Сашо Мијалков, Орце Камчев и останатите обвинети во овој случај со огромен публицитет.

Последни кои сведочеа попладнево беа двајца членови и донатори на ВМРО-ДПМНЕ кои како и сите досегашни сведоци потврдија дека донациите ги дале соогласно законите со дадена каса прими, а како и досега ниту еден од повиканите сведоци парите не му ги дал лично на Никола Груевски како што сака да докаже обвинителството туку на Генералниот секретар на партијата и на некој од благајниците во локалните структури на ВМРО-ДПМНЕ.

Обвинителството нема никакви докази дека екс премиерот Никола Груевски во било кој момент од своето раководење со партијата дошол во контакт со пари од донации, а уште помалку дека истите ги искористил за да купува некаков имот.

Дури и оние сведоци кои требаше да бидат крунски за обвинителството можеа да се служат само со претпоставки за тоа што Никола Груевски можеби сакал да направи, а никогаш не направил, односно фактот дека тој никогаш не изградил куќа на падините на Водно.

Дополнителни проблеми за Стефанова претставува и текот на парите, односно потеклото на имот за што постои уредна документација што пак значи дека во никој случај, ниту еден од обвинетите немал нелегални трансакции, односно не се служел со популарно нареченото перење на пари.

По сослушувањето на сведоците на обвинителството, одбраната започна со презентирање на своите докази.

Речиси целото попладне адвокатот на бизнисменот Орце Камчев, Тони Менкиновски пред судот претставуваше докази за трансакции и договори во оригинал со што впрочем ја докажа легалноста на потеклото на средствата од Холдингот на Камчев и исполнувањето на одредбите од договорите на компаниите на Камчев кои биле во правниот промет.

На овој начин Менкиновски ги демантираше наводите на обвинителството со кои се терети Камчев и можеме слободно да кажеме дека го декласираше обвинението на Стефанова.

Менкиновски со изложените докази пред судечкиот совет и јавноста впрочем го докажа она што бранителот на Камчев, Еленко Миланов го истакна уште од првиот ден, а тоа е дека сите средства, пари и трансакции се од деловното работење на компанијата Орка.

– Во конкретниов случај, не може да оди оваа правна квалификација на овој начин и со ваков обвинителен акт, затоа што според она што денеска го кажа обвинителката, оној што прв ги пуштил парите во промет не може да биде обвинет, бидејќи не се исполнети законските претпоставки. Второ, слушнавме во воведниот говор нови докази, за наводни трансакции. Економски трансакции без економско вештачење коe не е најавено од oбвинителството, не може да има. Ќе докажеме дека сите средства се од деловно работење на компанијата Орка – изјави пред неколку месеци Миланов.

Во насока на целосен колапс на овој случај кој е во рацете на обвинителката од некогашното СЈО оди и денешното шокантно обраќање на Бојан Јовановски кој беше првообвинет во случајот „Рекет“, случај поради кој згасна обвинителството на Јанева.

Боки 13 во катиљ ферманот до обвинителката Русковска денеска откри дека власта на чело со Зоран Заев била вмешана во уцена на обвинетите во случајот „Плацеви на Водно“ Мијалков и Камчев, со што директно ги потврди обвинувањата на одбраната на Камчев и останатите обвинети во овој случај дека станува збор за класичен политички прогон кој имено не е поткрепен со докази.

Јовановски обвинува дека лично Зоран Заев тргувал со влијание и ги диригирал судските процеси на поранешното СЈО, обвинителство од кое произлегува и случајот „Плацеви на Водно“.

Токму Заев според Боки 13 одлучувал кога и кој ќе влегува и излегува од притвор што значи дека и притворот за Камчев кој трае веќе 9 месеци, а се базира на лажирана службена белешка на АНБ од агент кој и самиот обвинет за рекет е продолжување на политичкиот прогон и резултат на личните желби на премиерот во оставка.

Веројатноста е голем дека овој случај како и останатите случаи на СЈО скапо ќе ја чинат државата и граѓаните и ќе резултираат со милионски оштети за обвинетите поради доказите од телефонот на Боки 13 кои упатуваат на целосна контрола врз правосудниост систем од страна на власта на чело со Заев.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This