дома Спорт ЧКЕМБАРИ СО ТОПКИ ГИ ГАЃАА СУДИИТЕ: Линискиот судија го изеде подебелиот крај!

ЧКЕМБАРИ СО ТОПКИ ГИ ГАЃАА СУДИИТЕ: Линискиот судија го изеде подебелиот крај!

Денеска во Битола се одигра вечното македонско дерби  меѓу Пелистер и Вардар, каде што вардарци славеа над Пелистер со 0-1 и ја прекинаа победничката серија на Битолчани.

Дербито помина со икс прекини затоа што домашните навивачи го искористија снегот на трибините за да прават топки и да ги гаѓаат судиите и противничките фудбалери.

Во еден момент тие го погодија и линискиот судија Дејан Костадинов кој се пожалил на повреда, а еве како изгледаше целата ситуација.