Фудбалерите на Хрватска остварија голем успех, со оглед на тоа дека на Светското првенство ќе се борат за пехарот со Французите. Еден од најзаслужните за неверојатниот искачување до врвот е Лука Модриќ.
Имено токму тогаш Павле Балановиќ на велебитскиот крш во Хрватска го снимил документарниот филм „Напад на волковите“ и фатил кадар кој станал голем хит. Во еден дел на снимката се појавува токму Лука Модриќ кој тогаш имал пет години. Тој во кршот во близина на Задар во преголема јакна со стап чува кози.
Балановиќ потврдил дека се работи за Модриќ.