дома Здравје ЧУДЕСНАТА МОРИНГА: Ја прочистува водата и лекува од 300 болecти!

ЧУДЕСНАТА МОРИНГА: Ја прочистува водата и лекува од 300 болecти!

Што е Моринга?

Прочистувањето на водата е еден од најголемите пpоблеми со кои се соочува светот во целина.Конвенционалните методи за прочистување на водата може да бидат скапи и да одземаат многу време, поради што поголемиот дел од светот има малку или воопшто нема пристап до здрававода за пиење.
И чистотата на водата за пиење во нашите домови е дискутабилна. На водата која ја пиеме од чешма и е потребно понатамошно прочистување.

Не само што има голем број на состојки во водата кои влијаат врз вкусот, туку, во неа се додава и флуор како превентивна мерка за спречување на развој на кариес.

 

Кои се предностите на прочистената вода

 

-Придобивките од прочистувањето на водата по природен пат се многубројни.

Недостигот на вода е причина број еден за смртност во целиот свет. Ако луѓето успеат на природен начин да си ја филтрираат водата за пиење и капење – би можеле да решат еден од најголемите светски проблеми.

Исто така, филтрирањето на овој начин овозможува да се отстранат несаканите хемикалии од водата.

Како да се прочисти водата на природен начин со Моринга семе

 

-Моринга е навистина чудесно растение: во продолжение на текстот прочитајте за неговите моќни својства за лекување на бројни болести.

Moringa oleifera: Ова е еден од најстарите трикови за прочистување на водата. Протеините кои се наоѓаат во ова семе имаат способност да ја разложуваат клеточната мембрана на токсините. Оставете го ова семе неколку часови да делува.Токсините ќе се наталожат на дното а по процедувањето се добива чиста вода.

Во подножјето на Хималаите расте дрво високо од пет до десет метри, со ситни, овални ливчиња и цветови со боја на крем и опоен мирис. Многу потсетува на нашиот багрем. Ова дрво уште е познато како „Чудесното дрво“ и „Дрво на животот“.

Сите делови од ова дрво (лист, цвет, млади корења, семе) можат да се употребуваат за јадење. Морингата помага при желудечни чиреви, кожни заболувања, замор, импотенција, грчеви, дијабетес, хемороиди, главоболка, грозница, за намалување на шеќер во крвта…

Спроведените истражувања покажуваат дека Морингата лекува повеќе од 300 болести! Содржи повеќе од 90 нутритивни состојки и 45 антиоксиданси. 

Моринга е веројатно најхранливата билка во светот. Освен што го штити организмот, може да се користи и во козметичката индустрија за парфеми и ароматераписки масла.

Морингата се употребува и како антибиотик во традиционалната медицина уште пред илјадници години, а научни докази постојат од доцните 1940-ти.

Индиските научници ја идентификувале активната состојка во Морингата – Pterigospermin, која има антибактериско дејство. Птеригосперминот, по консумирањето, се разградува во два засебни бензилни изотиоцијанати, состојки познати по своите антимикробни својства.

Истражувањата покажале дека сокот добиен од лист на Моринга може да биде особено делотворен против бактеријата Pseudomonas aeruginosa, предизвикувач на болести и кај животните и кај луѓето. Оваа бактерија обично ги инфицира луѓето со оштетени и изложени ткива или со ослабен имунолошки систем, а често се манифестира преку воспаленија.

Резултатите од студијата објавени во Индија, а кои се користени како основа за многу извештаи за ова чудотворно дрво, наведуваат дека Морингата содржи анти-канцерогени соединенија (фитохемикалии) кои помагаат во спречувањето на растот и развојот на канцерогените клетки.

За Морингата се говори дека е ефикасна и во лекувањето на рак на јајници, артритис, анемија, срцеви компликации, проблеми со бубрезите, скорбут, астма и дигестивни пречки.

Научниците забележале дека Морингата содржи единствени соединенија и механизми кои помагаат во чистење на црниот дроб од токсини и зголемување на неговата отпорност.

Ова дрво во Африка е познато и под името „Дрвото кое никогаш не умира“, поради неговата неверојатна издржливост. Тоа е едно од ретките дрва кое и покрај суша дава плодови.

Сепак, она што ги восхитува научниците е едно од најглавните својства на семето Моринга, а тоа е: кога ќе распука, семето ја прочистува загадената вода! 

МОРИНГА Е ПРОГЛАСЕНО ЗА ДРВО НА ИДНИНАТА!