Потресот од 4,2 степени кој во саботата беше регистриран во Босна и Херцеговина практично ја проголта реката Врљика во Хрватска.
Како што јавуваат локалните медиуми, 12 часа по потресот реката загубила цел метар од својот водостој. Во текот на изминатите два дена водата од која зависат голем број домаќинства продолжила да се повлекува.
Хрватските медиуми пишуваат дека сличен случај имало и во 2004 година кога по земјотрес, земјата ја повлекла водата во својата утроба, а реката целосно пресушила. За среќа по 10 дена се вратила.