дома Македонија ЧУЛЕВ НА СРЕДБА СО АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР: Министерот изрази благодарност за добрата соработка...

ЧУЛЕВ НА СРЕДБА СО АВСТРИСКИОТ АМБАСАДОР: Министерот изрази благодарност за добрата соработка и поддршката

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев денеска оствари работна средба со австрискиот амбасадор, Георг Вуцас. На средбата министерот Чулев изрази благодарност за поддршката од Австрија за време на миграциската криза и заедничкото учество во операцијата на јужната граница со Грција.

Заеднички ја потврдија добрата соработка меѓу двете министерства и взаемното учество на мултилатерален план, особено во рамки на Конвенцијата за полициска соработка во ЈИЕ.