дома КОВИД-19 (Коронавирус) ЧУЛЕВ: Првите уредби на МВР вечерва се усвоени на седницата на Влада

ЧУЛЕВ: Првите уредби на МВР вечерва се усвоени на седницата на Влада

Вечерва во емисијата „Само интервју“ гостин беше министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев кој што говореше за актуелната ситуација во државата, при што посочи дека денеска се усвоени неколку уредби на Владина седница предложени од МВР.

„Сега за прв пат на оваа седница на влада со оглед дека е прогласена вонpeдна состојба поминаа првите уредби со законска сила. Значи како министерство за внатрешни работи ние поднесовме неколку уредби и со законска сила, да ги информирам граѓаните дека се веќе усвоени од страна на Владата. Се работи за продолжување на важноста на личните документи, и тоа продолжување на важноста на патните исправи, на возачките дозволи, на личните карти. И со посебна уредба со законска силa на владата е сyспендирано важењето на јавни собири што е нормално со оглед на ситуацијата“, појасни Чулев.

Чулев додаде дека е донесена уредба со законска сила во делот на продолжување на испитните рокови во врска со полагањето на возачки испити, и функционирање на автошколи.