дома Македонија ЧУЛЕВ ЌЕ СЕ ЖAЛИ ДО PEГУЛАТОРHИТЕ TEЛА: Лaжнaта веcт за навoдна оcтавка...

ЧУЛЕВ ЌЕ СЕ ЖAЛИ ДО PEГУЛАТОРHИТЕ TEЛА: Лaжнaта веcт за навoдна оcтавка Чулев ја чувствува како пcиxолошkи пpитисоk

Министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев вели дека се лажна вест информациите кои беа објавени во некои медиуми дека дал оставка. Ги доживува како психолошки притисок врз неговата работа, па затоа ќе се жали пред регулаторните тела за медиумите кои ја објавиле таквата лажна вест.

Од Владата соопштија дека нема писмо до премиерот Оливер Спасовски за евентуална оставка на Чулев. ВМРО-ДПМНЕ исто така ги демантираше вестите веднаш по објавувањето. Како и да е вчерашната вест за оставка на техничкиот министер за внатрешни работи брзо се прошири низ медиумите. Експертите коментираат дека во изборниот период постои зголемена мотивација за објавување на лажни вести.

Чулев е единствениот министер што остана во техничката влада од редовите на опозицијата. Рашела Мизрахи беше разрешена од функцијата министер за труд и социјална политика во последните часови пред распуштањето на Собранието.