Чecтиткa oд пpeтceдaтeлoт Пендаровски пo пoвoд 21-ви дeкeмвpи – Дeнoт нa нacтaвaтa нa тypcки jaзик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 21 декември – Денот на наставата на турски јазик, упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.

Почитувани сограѓани Турци,

Дозволете најсрдечно да ви го честитам Денот на наставата на турски јазик, 21 декември, и да ви посакам добро здравје, среќа, радост и бериќет.

Токму на овој ден во 1944 кога се удираа темелите на македонската држава започна и наставата на турски јазик. Со ова се овозможи образование на мајчин јазик на припадниците на турската заедница, како неопходен елемент во зачувувањето и во негувањето на националниот идентитет, традицијата и на културата. Среќни сме што овој значаен датум е и празник на турската заедница во Република Македонија и со него се гордеат сите наши граѓани. 

Драги пријатели,

Турската етничка заедница е неизоставен дел од нашата мултиетничка и мултикултурна држава и секој нејзин припадник придонесува во градењето на демократска, просперитетна и развиена Република Македонија. Вие претставувате своевиден мост за соработка со пријателска Република Турција, која е наш искрен и посветен поддржувач.

Уште еднаш честитајќи го празникот, посакувам во овие кризни времиња предизвикани од пандемијата на Ковид-19 да го заштитите своето и здравјето на вашите најблиски и да останете сплотени и солидарни. 

Нека е честит 21 декември, Денот на наставата на турски јазик.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This