дома КОВИД-19 (Коронавирус) Чyдo: 104-гoдишeн американски вeтepaн ja пpeживeaл кopoнaтa

Чyдo: 104-гoдишeн американски вeтepaн ja пpeживeaл кopoнaтa

Еден човек од Алабама, кој ги поправал возовите оштетени од бомби во Франција за време на Втората светска војна, се опорави од Ковид-19 и во четвртокот го прослави својот 104-ти роденден.

Мајор Вутен бил физички истоштен и исто така се чувствувал збунет откако се борел со коронавирусот, но се чини дека се опоравува, рече неговата внука Холи Вутен Мекдоналд.

„Благодарен сум што тие успеаја да го излечат толку брзо. Неверојатно е што 104-годишен го преживеа Ковид“, додаде таа.

Откако дознале дека Вутен е позитивен на коронавирус кон крајот на ноември, тој добил терапија со моноклонални антитела, но ова физички го исцрпило и завршил во болница. Но, по 24 часа, неговата состојба започнала да се подобрува, пренесува Вашингтон пост.

Вутен беше хоспитализиран уште еднаш оваа година. Пролетта заврши во болница поради сериозни проблеми со срцето, но успешно се опорави.